Информација за проектна задача

News

Согласно Уредбата со законска сила за примена на Законот за средното образование за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 76/2020 година) и Насоките за постапување бр. 08-4147 од 25.03.2020 година донесени од Министерството за образование и наука, презентацијата и одбраната на проектна задача за државната матура во јунски испитен рок во 2020 година ќе се реализира преку далечинско учење.

Термините за одбрана на проектната задача остануваат исти согласно Календарот за организација на учебната 2019/2020 година во јавните средни училишта.За учениците од гимназиското и од средното стручно образование презентацијата и одбраната на проектната задача се реализира во периодот до 22 април 2020 година, а за учениците од средното уметничко образование до 13 мај 2020 година.

Последни Новости

© 2008 Биро за развој на образование , Сите права се задржани.
спонзорирано од United States Agency for International Development