ДАТУМИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ЕКСТЕРНИ ИСПИТИ ОД ДРЖАВНА МАТУРА ВО УЧЕБНАТА 2021/22 ГОДИНА

News

Согласно Календарот за организација на учебната 2021/2022 година во јавните средни училишта (Сл. весник на РСМ, бр. 168 од 26.07.2021) екстерните испити од државната матура ќе се реализираат во:

Jунската испитна сесија на:

04.06.2022 – македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература;
13.06.2022 – математика, англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, филозофија, естетика.

Aвгустовска испитна сесија на:

10.08.2022 – македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература;
12.08.2022 – математика, англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, филозофија, естетика.

Сите испити се со почеток во 10:00 часот.

Последни Новости

© 2008 Биро за развој на образование , Сите права се задржани.
спонзорирано од United States Agency for International Development