Во
деновите 12 05 и 13 05. 2012 година (сабота и недела), во просториите на
СУГС Гимназија ,,Јосип Броз Тито“, (ул „Димитрије Чуповски”, бб., Скопје) ќе се
реализира селекција на пријавените кандидати за оценувачи за
Државна матура 2012 г. од средните училишта од Република Македонија по
предметите македонски јазик и литература, албански јазик и литература, турски
јазик и литература, англиски јазик и математика.
На работната
средба пријавените кандидати ќе реализираат планирани активности врз чија
основа ќе се направи селекција на оценувачи кои ќе бидат ангажирани како
надворешни соработници за Државната матура 2012 година.
Селекцијата на
кандидатите ќе се реализираат во два
термини:
I термин : 9.00 – 13.00
часот
II термин : 13.30 – 17.00 часот
Присуството
на кандидатите на селекцијата во определениот термин е задолжително. Пријавените кандидати за наставните
предмети македонски јазик и литертура, албански јазик и литература, турски
јазик и литература и англиски јазик должни се со себе да ги понесат
критериумите за оценување испитни задачи од способноста пишување кои се дел
од Испитната програма.
Селекцијата
за кандидатите за оценувачи за германски јазик ќе се реализира во просториите
на Државниот испитен центар на 15.05.2012 во 12.00 часот.
Во прилог на овој
допис е листата на пријавени кандидати од Вашето училиште.
Дополнителни
информации можете да добиете кај предметните советници.
Напомена: Tрошоците за патувањето се на товар на учесниците на
селекцијата.